Колку опаѓање на коса е премногу? Секојдневното опаѓање на косата е нормална појава. Меѓутоа, доколку губите повеќе стари влакна отколку што ви растат нови тогаш сигурно ќе посакате да преземете нешто за да го спречите тоа. Ви нудиме неколку едноставни совети како да ја сочувате и да го подобрите здравјето на вашата коса.
Алкохолните пијалоци влијаат на губење на косата така што го успоруваат растот на влакното. Доколку сакате вашата коса да го врати стариот сјај и волуменот тогаш намалете со пиењето на алкохол или потполно исфрлете го од употреба.
Пушењето цигари го намалува протокот на крвта во темето што истотака предизвикува успорување на раст на косата. Исто така отровните состојки што се наоѓаат во чадот од тутунот го “поткопуваат“ здравјето на ќелиите. Доколку сакате да имате убава коса, кажете „НЕ“ на цигарите.
Со оглед на тоа што косата е составена од протеини, нивниот недостаток може да биде причина за нејзино опаѓање. Во исхраната вклучете ги растителните и млечните протеини. Јадете многу ориз, мешунки, пченка, пченица, јачнем и ‘рж или пијте протеински шејк од сурутка.
Водата претставува четвртина од секое влакно. Ви советуваме да пиете најмалку четири до осум чаши вода дневно. Во споменатата количина вметнете ги и чаевите и соковите. Ви препорачуваме сокови без шеќери од свежо цедено овошје.
извор:точка.ком.мк