За заминувањето на Марија Шерифовиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се зборува во секоја сезона.
Меѓутоа, таа истакна дека сериозно размислува да не биде дел од жирито во следната сезона на музичкото шоу.
Таа истакна дека не сака повеќе да биде од жирито и дека себе си не се замислува како дел од жирито туку сака да се посвети на себе и својот живот.
Во последната емисија на музичкото шоу таа даде образложение за своето заминување од музичкото шоу.
„Кога ќе ги напуштам „Ѕвездите на Гранд“ ќе бидам мајка. Сакам да се посветам на тоа, а не детето да го чуваат бабите и дедовците“ вели Шерифовиќ.
Поповиќ и одговори дека ќе мора да почека уште некоја година бидејќи не планира така лесно да ја пушти.