Радио Милева Говорна „заврзлама“

Пилатес математика – пилатес недоумица: Снеже Велков е принцеза, царица, кралица или… „кучка“!?

Пилатес математика – пилатес недоумица: Снеже Велков е принцеза, царица, кралица или… „кучка“!?

Некогашната македонска ТВ водителка, денес успешна пилатес инструкторка,  Снеже Велков, вежбањето навистина ја прави среќна. Синооката убавивица не би била исполнета до крај, ако почетокот на денот не и е таков.

Затоа уште рано наутро или што би рекла таа: „посабајлечки“ – најдобро се вежба. Ем си свеж, одморен, наспан, полн со енергија… ем нема кој да ди додева, пречи и галами… ем ќе се наполниш со позитивна енергија уште „посабајлечки“, па ако по утрото денот се познава… денот таков и ќе ти биде!

Затоа згодната инструкторка има свој систем на работа, или поточно своја… „пилатес математика“: Еден ден има 24 часа,еден тренинг трае 1час…се е еднакво на: Нема простор за изговори и оправдувања.
И оваа 2018 се гледаме во сала!  – така барем вели Снеже.

А што велат нејзините пријатели, пилатес следбеници и ученици? Тие своето мислење најдобро го искажаа во своите коментари под фотографијата со нејзиниот пост.

Едни велат – принцеза, други – царица за мотивирање… трети пак ја нарекуваат пилатес кралица!? Ама како што Снеже Велков има своја логика во нејзината „пилатес математика“, после овој стрип цртеж на убавата и згодна инструкторка, ние имаме своја пилатес говорна „заврзлама“… или поточно недоумица?

Снеже Велков е пилатес принцеза, царица, кралица…? Ама, нели… „Кралицата е кучка“!?

И да е! Важно е да е расна!

 

To top