Живот и Стил

Најевтина домашна варијанта: „Фереро“ бомбици, многу од една смеса

Најевтина домашна варијанта: „Фереро“ бомбици, многу од една смеса

Направете вкусни фереро топчиња дома, еден од најскапите рецепти во евтина варијанта.

СОСТОЈКИ.
100 гр. наполитанки со лешник
150 гр. лешници
200 гр. нутела
150 гр. чоколадо
4-5 лажици масло

ПОДГОТОВКА:
Се печат лешниците на некои 180 степени, се вадат, се лупат и се сечат ситно .
Се кршат ситно наполитанките се ставаат во лешниците, се става и нутела и се меша.
Се прават топчиња и се оставаат да се оладат.
Се топи чоколадото со масло и се ставаат во него топчињата.

Уживајте!

извор:готви.мк

To top