Како што пренесува Е – онлјн, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го запознале новиот член на кралското семејство, синот на Меган Маркл и принцот Хари.
Извор тврди дека парот го запознал новиот член на семејството во вторникот попладне во домот на војвотката од Сасекс.
„Станува збор за приватна посета“ тврди изворот објаснувајќи дека војвотката и војводата од Кембриџ го запознале кралското бебе една недела по раѓањето.
Парот беше на службено патување во Велс поради што немаа прилика да го запознат најновиот член на семејството.
За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари на 6 мај станаа родители за првпат на синот Арчи Харисон.