Радио Милева

По повод „Денот на мајката“, Борко Ристовски со специјални честитки до двете негови најмили жени

По повод „Денот на мајката“, Борко Ристовски со специјални честитки до двете негови најмили жени

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски ужива во семејната хармонија.

Имено, Борко на почетокот на годината направи и официјална свадбена прослава со неговата сопруга Нина Ристовска со која го има синот Душан.

Секој момент голманот го користи да го помине со најмилите и да ужива во радостите што ги носи семејството.

Неодамна Нина се потсети на нивната свадба, па на својот „Инстаграм“ објави неколку невидени фотографии.

фото: принтскрин/инстаграм/нинаристовска

Меѓутоа, по повод на „Денот на мајката“, сопругата на Борко на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината мајка и напиша:

„Среќен ден на мајките на мојата прекрасна мајка“ напиша Нина.

фото: принтскрн/инстаграм/нинаристовска

Од друга страна, самиот Борко го честиташе денот на својата сопруга.

„Среќен ден  на мајките на мојата на мојата најдобра сопруга и мајка. Те сакаме“ напиша голманот.

фото: Принтскрин/инстаграм/боркористовски

На „Инстаграм стори“, Борко и сподели фотографија со неговата мајка и го честиташе денот на жената која го родила.

фото: Принтскрин/боркористовски
To top