Живот и Стил

Александар од Скопје: Ги фатив како ми крадат од кредитната картичка во ресторан

Александар од Скопје: Ги фатив како ми крадат од кредитната картичка во ресторан

Скопјанецот Александар, изрази жолчна реакција на социјалните мрежи, поради, како што вели тој “криминалот” што му се случил во еден познат ресторан од југот на Македонија.

Имено, при наплатата на сметката која изнесувала скоро 6 илјади денари, тој забележал дека неговата картичка е двапати внесена во читачот.

Тој се посомневал и се јавил во својата банка, од каде му потврдиле дека сметката му е наплатена двапати.

Искуството на граѓаните вели дека вакви ситуации се случуваат, кога на наплатувачот нема да му излезе слипот, поради недостаток на хартија. Но дали и во конкретниот случај е тоа причината, или како што вели Александар “ако пројде, пројде”, останува да утврди истрагата, доколку Александар поведе постапка.

Еве го неговиот фејсбук статус:

изворсител.мк

To top