Живот и Стил

Интересен хороскоп: Какви се хороскопските знаци кога ќе се разбудат?

Интересен хороскоп: Какви се хороскопските знаци кога ќе се разбудат?

Секој од нас има различни навики, наутро. За некои хороскопски знаци, будењето е лесно, а за други пак како ноќна мора.

Како се однесуваат хороскопските знаци по будењето?

06:00 ч. Девицата станува и го чисти купатилото пред туширање. По миењето заби, чектата ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место, далеку од останатите работи во купатилото.

06:15 ч. Јарецот го исклучува бојлерот. Истекло времето за евтина струја.

06 20 ч. Водолијата оди на утринско трчање.

06:30 ч. Вагата и Лавот се пред огледало, ставајќи си хидратантна крема на лицето и гел за коса.

06:40 ч. Биковите појадуваат Нутела со голема лажица.

06:45 ч. Стрелецот оди и го вклучува бојлерот.

07:00 ч. Ракот прави сендвичи, Девиците цедат сокови, Близнаците сè уште се во кревет, со мобилниот во рака, ги проверуваат социјалните мрежи.

07: 05 ч. Шкорпијата ја руши вратата од бањата. Вагата излегува навредена, со несесер во рацете.

07: 10 ч. Овенот станува од спиење и вклучува штоперица.

07: 10: 45 Овенот е среден и трчи по скалите. Ја исклучува својата штоперица.

07: 15 ч. Бикот ја струга теглата со Нутела. Нема веќе.

07: 20 ч. Вагата и Лавот уште стојат пред огледало, последна проверка пред излегување. Си се восхитуваат себеси.

07: 30 ч. Водолијата се тушира со студена вода. Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

07: 40 ч. Сите заминуваат.

07: 45 ч. Близнаците се враќаат дома, заборавиле 1 од трите теефони.

07: 50 ч. Повторно се враќаат, си го заборавиле паричникот дома.

8:00 ч. Рибите се будат, сфаќаат дека се заклучени во станот.

Така е секое утро. Иста приказна.

извор: Курир.мк

To top