ОВЕН
Работа: Не сте наклонети на носење на рационални одлуки, денеска како во вас да владеат емоции и некои импулси.
Љубов: Поволен е денот со саканата личност да дефинирате каде сакате да одите како пар.
Здравје: Водете сметка околу забавениот метаболизам.
БИК
Работа: Не е претерано поволен ден за покренување на нова работа или за било каква иницијатива на ова поле.
Љубов: Комуникацијата со саканата личност би можела постепено да се поправи доколку вложите доволно време.
Здравје: Пролазна кашлица.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Вашата нервоза влијае негативно на работното опкружување во кое се наоѓате.
Љубов: Му верувате на партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Планирате повеќе од врска во иднина.
Здравје: Зголемен апетит.
РАК
Работа: Не ви е претерано поволен ден и може да очекувате некои проблеми и компликации на ова поле.
Љубов: Бидете отворени кон саканата личност, покажете и дека сакате да имате повеќе од ова во моментов.
Здравје: Несвестица.
ЛАВ
Работа: Вашата загриженост поради работната ситуација не придонесува да се најде решение.
Љубов: Средба со саканата личност е пред вас, и конечно, ќе имате шанса некои работи да ги разјасните.
Здравје: Проблеми со циркулација.
ДЕВИЦА
Работа: Доколку имате проблеми со некои од соработниците, денешниот ден би можел да доведе до кулминација на конфликтот меѓу вас.
Љубов: Ќе ги решите сите недоумици кои ги имате во врска со саканата личност.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
ВАГА
Работа: Неодлучни сте и тоа го сметате за најголема маана. Понекогаш во работните околности треба брзо да реагирате.
Љубов: Иако сметате дека личноста од минатото сте ја преболеле, сепак, не ви е лесно во својата глава да ставите точка.
Здравје: Можна е вкочанетост.
ШКОРПИЈА
Работа: Постепено ќе ги остварите целите кои на себе сте си ги поставиле. Важно е да бидете упорни и истрајни во намерите.
Љубов: Можно е да не сте сигурни на кој начин да се поставите кон симпатијата.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Немате потреба да се грижите на вашето поле на финансии. Потребно е малку време да се најде решение, но ќе се најде.
Љубов: Ви се допаѓа една личност со која имате работен, и на некој начин формален однос.
Здравје: Потребен ви е одмор.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте задоволни од условите кои ги имате на работното поле и сакате да менувате работно место.
Љубов: Доколку сте во брак со саканата личност ве очекува оддалечување, па дури може да размислувате и за развод.
Здравје: Чувствителна кожа.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не ви е лесно сосема да се концентрирате на работното опкружување кога имате премногу приватни проблеми.
Љубов: Постои личнсот која ви се допаѓа, но не умеете отворено да се покажете пред неа.
Здравје: Чувствителен желудник.
РИБИ
Работа: Не се препорачува да ризикувате. Денешниот ден може да ви донесе некоја загуба и разочарување.
Љубов: Ве очекува интересен ден во текот низ кој ќе може да остварите ново познанство и флерт.
Здравје: Ви се препорачува да се занимавате со спорт.
извор: Нетпрес.ком.мк