Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток (02.април,2019 година)

Дневен хороскоп: Четврток (02.април,2019 година)

ОВЕН

Работа: Очекувајте период во кој ќе дојдете до важни разрешувања на работното поле.

Љубов: Време е да се соочите со околностите кои на некој начин ве оптоваруваат. Се кажува дека врската ќе биде прекината.

Здравје: Напнати сте психички.

БИК

Работа: Имате добри идеји кои можете да ги спроведете на дело, а со самото тоа и да остварите подобрување на работното поле.

Љубов: Многу сте харизматични и лесно влегувате во флерт со личност која ви се допаѓа.

Здравје: Полни сте со позитивна енергија.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Тежите кон тоа да напредувате во работата со која се занимавате, и потребно ви е уште малку за да успеете.

Љубов: Саканата личност ви покажува дека сака да направи чекор напред во вашата врска.

Здравје: Не се чувствувате добро.

РАК

Работа: На површина излегуваат проблемите кои во минатото сте пробале да ги занемарите или да ги турнете под тепих.

Љубов: Саканата личност ви е посветена, и многу ви е убаво кога сте заедно. Пред вас е поволен ден.

Здравје: Водете сметка околу хормоните.

ЛАВ

Работа: Ве очекува многу добар ден на ова поле. Пред вас е прилика да најдете работа која повеќе ви одговора од претходната.

Љубов: Се она што ви е потребно, ќе успеете да најдете на љубовното поле.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ДЕВИЦА

Работа: Оставате добар впечаток на разговорите за работа. Очекувате дека на ова поле работите ќе се свртат.

Љубов: Максимално сте опуштени и убаво се чувствувате кога сте покрај личноста која ја сакате. Уживајте кога сте заедно.

Здравје: Алергии.

ВАГА

Работа: Ве очекува прилика да дојдете до остварување на договор за кој долго време сте размислувале.

Љубов: Во текот на овој ден ве очекуваат некои убави моменти со личноста која ви значи.

Здравје: Наклонети сте кон дебелеење.

ШКОРПИЈА

Работа:Можно е денеска да одморите од напорните обврски кои сте ги имале, и тоа ќе ви оди во прилог за да се посветите на некои други работи.

Љубов: Многу сте емотивни и нежни. Уживате во романтичните моменти.

Здравје: Низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Поволен е денот ако се занимавате со работа која од вас бара оригиналност, креативност итн.

Љубов: Очекувате контакт со личноста која ја сакате. Можете да се надевате на позитивни работи на ова поле.

Здравје: Потребен ви е сон.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе добиете можност да напредувате во согласност со вашата позиција и очекувањата.

Љубов: Очекувајте дека саканата личност ќе биде тука за вас и во добро и во лошо.

Здравје: Без проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа: Иако сте првеле грешки, среќата ве следи и на некој начин сте спасени о поголеми последици.

Љубов: Ве очекува неповолен ден за љубов. Со саканата личност имате однос на дистанца.

Здравје: Проблеми со кожата.

РИБИ

Работа: Очекувајте дека низ различни патувања кои ве очекуваат, ќе успеете да остварите позитивни поместувања на работното поле.

Љубов: Личноста со која минувате време, можеби сака повеќе.

Здравје: Проблеми со очите.

To top