Живот и Стил

Сите митови за убавината: Дали „прекрстените“ нозе се навистина лоши по здравјето?

Сите митови за убавината: Дали „прекрстените“ нозе се навистина лоши по здравјето?

Мит или вистина? Откријте!

„Прекрстените“ нозе предизвикуваат проширени вени
Дали сите жени кои ги „прекрстуваат“ нозете имаат проширени вени? Не е баш така. Слободно можете да ги прекрстите нозете кога ќе посакате и да седнете кога можете, затоа што долгото стоење на нозе е всушност тоа што може да предизвика видливи вени на површината од кожата. Освен стоењето, за проширените вени може да ги обвините вашите родители. Доколку ги имате сличните гени со нив- веројатно проширените вени ќе ги добиете во истите години кога вашата мајка ги добила.

Проширените пори можат да се „соберат“
Невозможна мисија. Изгледот на порите го одредува генетиката. Нивната големина може да биде намалена само привремено со користење на креми, маски или шминка. Доколку не сте во можност да вложувате во козметика, сетете се на рецептот на вашите баби и послужете се со белка од јајце. Кога ќе нанесете белка од јајце на кожата, тоа ќе ја затегне кожата и ќе направи моментален ефект на порите.

После бричење растат посилни и потемни влакна
Иако така ви изгледа на прв поглед, бричењето не ги прави влакната посилни и потемни. Тоа само така изгледа, затоа што во текот на бричењето влакната ги сечете до нивниот корен. Влакната во тој дел се најдебели и кога растат тој најширок дел останува на врвот. После бричење, влакната брзо растат и се поостри на допир што дополнително создава впечаток дека влакната се многу посилни, но сепак бричењето не менува ништо во јачината на влакната.

Лакот за нокти предизвикува жолти дамки на ноктите
Се случува. Постојаната употреба на темните нијанси како што се, црвена, бордо или кафеафа боја на лак може да предизвика појавување на жолти флеки на ноктите. Жолтите дамки можете да ги избегнете доколку при нанесување на темните лакови ноктите ги премачкате со лак во природна боја!

Можеме да излеземе на крај со целулитот
Ова е сепак некој вид на мит. Целулитот е еден од најголемите естетски проблеми на денешницата. Досаден е и упорен, но без оглед на тоа што не можеме да го победиме во целост, постојат начини да го сокриете. Само генетиката одредува кој ќе има целулит, а кој не. Заради тоа некогаш се сретнуваме со дебели жени кои немаат целулит или пак со слаби жени кои не можат да се пофалат со совршениот изглед на нивните нозе.

Депилацијата со восок го успорува растењето на влакната
Депилацијата со восок го кине влакното од корен и предизвикува слабеење на фоликулите на влакната. Доколку редовно одите на депилација, на влакната во целост ќе им ослабнат фоликулите и повеќе нема да можат да растат. Меѓутоа, за сето ова да биде возможно, потребно е редовно да одите на депилација, минимум дваесет години.

Спиењето на грб го спречува појавувањето на брчки
Може да е возможно, но не мора значи. Како што стареете во кожата имате сè помалку колаген и еластин влакна, така да кога ќе го ставите лицето во перницата на која спиете создавате притисок на овие влакна во траење од неколку часови, па затоа на кожата и е потребно повеќе време за да се врати во првобитната состојба. Спиењето на грб делумно може да ѝ помогне на кожата, но многу поубаво ќе поминете доколку секојдневно се грижите за вашата кожа и редовно нанесувате дневна крема со заштитен фактор од сонцето и УВ зрачењето.

извор:точка.ком.мк

To top