На Велики Четврток се вапцаат велигденски јајца. Се вапцаат прво црвени, па потоа јајца во други бои, а најголемиот проблем е да не испукаат јајцата.
Она што можеби не сте го знаеле е дека бојата за јајца која ја купувате не мора да ја растварате во вода. Во сад ставете ја бојата и со многу малку вода една лажица до две направете смеса и валкајте ги јајцата.
За оваа постапка ќе ви треба повеќе време, но бојата е силна.
За да не ви пукаат јајцата ставете неколку лажици оцет.
Интересно: Еве како да ги бојадисате велигденските јајца со помош на алуминиумска фолија.
Алуминиумската фолија во овој случај е преносно средство за бојата – остава по јајцето мали неправилни облици во боја.
Потребни ви се: јајца, алуминиумска фолија и прехрамбена боја.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Јајцата прво згответе ги. Потоа, изгужвајте, па одмотајте големо четвртасто парче алуминиумска фолија, потоа фолијата прекријте ја со боја.
Поставете јајце во средина на фолијата и лесно преклопете го. Нежно притиснете, а потоа тргнете го јајцето и оставете да се исуши. Така направете и со уште некоја боја на истото јајце, ако сакате шарено.
Ако претходните години се плашевте да експериментирате со велигденските фарби за јајца, оваа година дефинитивно ќе посакате да пробате нова техника. А, оваа вторава вклучува само неколку капки зејтин.
На прв поглед шарите на овие јајца делуваат комплицирано, но за да го постигнете ефектот, ви треба само обична фарба за јајца и лажичка-две било какво масло.
Маслото не се меша со водата, па така лесно ќе се направат „дамките.“
По желба, откако бојата ќе се исуши може да нанесете сјаен финиш со стапче за уши.
Трикот и постапката се детално објаснети во видеото:
извор:skopje24.mk