Фолк пејачката Снежана Ѓуришиќ вчеравечер одржа концерт за паметење во Сава центар по повод 50 години кариера на српската фолк сцена.
Во преполната сала во првиот ред беше и нејзината мајка која не сака да се истакнува во јавност.
На Снежана сигурно и било посебно драго што мама Дара беше на концертот да ја бодри, гледа и слуша.
Мајката на пејачката за оваа прилика избрала да облече бело-розова комбинација со црни панталони, додека во текот на вечерта уживаше во гласот на својата ќерка и беше особено горда.
Инаку, на овој јубилеен концерт присуствуваа многу познати личности од српската естрада.