Живот и Стил

Црвен кармин и зелена сенка: Идеална шминка за новогодишната ноќ

Црвен кармин и зелена сенка: Идеална шминка за новогодишната ноќ

Побарајте што повеќе темна зелена сенка, со која ќе игледате секси без оглед дали имате сини, зелене или кафени очи.

Комбинацијата на зелена сенка и црвен кармин во некоја друга прилика делува агресивно, но на новогодишната забава ќе ви помогне да изгледате како новогодишен подарок.

За нијансата на црвениот кармин Ви предложуваме да ја одберете онаа силна црвена боја, како црвеното одело на Дедо Мраз. Што се однесува на зелената сенка побарајте што потемна нијанса, која ќе изгледа совршено и на сини, зелени и кафени очи.

Со оваа шминка важно е да се погрижите и за совршен тен, па затоа никако не ја прескокнувајте пудрата, ниту руменилото а пожелно е да ставите и малку бронзер. Доволно е само уште малку маскара и туш за очи. Со сето ова  вашиот новогодишен изглед ќе биде совршен.

To top