Радио Милева

Ѕирнете зад камерите: Вака Јелена Карлеуша го подготвува Мартинијан Кириловски за „Ѕвездите на Гранд“

Ѕирнете зад камерите: Вака Јелена Карлеуша го подготвува Мартинијан Кириловски за „Ѕвездите на Гранд“

Кумановецот Мартинијан Кириловски и оваа година учествува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Според новите правила, секој од кандидатите има ментор, а Кириловски за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша.

Карлеуша заедно со Ивана Петерс и својот тим работи со кандидатите.

Меѓутоа, пејачката неодамна ја снајде несреќа, односно почина нејзината мајка Дивна Карлеуша со која таа беше многу поврзана.

Таа неколку емисии не беше дел од музичкото шоу, но неодамна се врати на своите секојдневни активности.

Имено, деновиве Карлеуша работи со своите кандидати, а меѓу и нив е Мартинијан.

фото: Принтскрин/инстаграм

Во кратките приказни на „Инстаграм“, Мартинијан сподели дел од атмосферата за подготовките на новиот круг во музичкото шоу.

Во „сторињата“ може да се види и Карлеуша која исто така го снима Мартинијан, но и во еден момент покажа јазик.

фото: Принтскрин/инстаграм

Како ќе се претстави Мартинијан во четвртиот круг останува да видиме.

Од друга страна, и Марија Шерифовиќ работи со своите кандидати, а меѓу нив се и Македонците, Адам Лабунски и Огнен Здравкоски.

фото: Принтскрин/инстаграм

Дали некој од македонските претставници ќе стигне до финалето, останува да видиме.

To top