Живот и Стил

Најскапиот автомобилски клуч во светот чини 500.000 долари (видео)

Најскапиот автомобилски клуч во светот чини 500.000 долари (видео)

Златарската компанија од Финска, Awain го претстави најскапиот клуч за автомобили во светот. Накитот чини 500.000 долари (443.557 евра) или колку нов супер автомобил. Омотот е со дијаманти и 18-каратно злато, а централниот дел е тапациран со скапа кожа.

Awain нуди и поевтини модели. Serenity надминува 80.000 евра, а Quantum е само 49 000 евра. Исто така се декорирани со злато и скапоцени камења и ќе бидат изработени во тираж од 20 примероци.

Компанијата од Финска изработува екслузивни клучеви за Aston Martin, Bugatti, Bentley, Lamborghini, McLaren, Maybach и Rolls-Royce. Секој од производите е дизајниран и изработен според желбите на купувачот.

извор:24ауто.мк

To top