Кучето со прекар Кактус истрча повеќе од 160 километри преку пустината Сахара во Мароко и на тој начин стана херој на една од најтешките трки во светот.
Кактус ја зврши третата етапа од трката за само четири часа и 30 минути и го освои 52. место од околу 800 натпреварувачи.
Многумина биле зачудени кога го виделе кучето на трката. Тоа меѓутоа ги надмина предвидувањата дека многу порано ќе се откаже, но ја заврши и четвртата и најдолга етапа за само 11 часа и 15 минути.
До петтата и последна фаза, упорниот тркач го доби службениот број „000“ и апарат за следење, со цел јавноста да може да го следи неговиот напредок во трката, па дури имал и сопствен Твитер налог.
Кога Кактус конечно помина низ целта доби награда, аплауз и медал од организаторот.
извор: Курир,мк