Новата година се поврзува со многу суеверија и верувања, за подобра иднина, поголема среќа и пронаоѓање на вистинската љубов… Пред почетокот на новата година, ви ги пренесуваме најинтересните суеверија и верувања од целиот свет. Според верувањата и обичаите следните работи никако не треба да ги направите на стартот на Новата година:
Нова облека
Луѓето веруваат дека ако на денот пред Нова година носат нова облека, во следната година ќе добијат многу нови алишта. Препорачливо е облеката да биде со црвена боја, затоа што црвената боја се смета за среќна. Но исто така се верува дека не треба да се пере облека или садови на 1. јануари. Постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.
Не плачете
Се вели дека по секоја цена треба да избегнувате плачење и кршење предмети на првиот ден од Новата година, ако не сакате целата година да ви помине на сличен начин.
Парите не смеат да излезат од домот
Во некои земји се верува дека парите, накитот и другите скапоцености не смеат да се изнесуваат од домот на денот пред Нова година. Некои луѓе одат дотаму што не сакаат да го изнесат ниту ѓубрето, за да бидат сигурни дека во следната година домот ќе се збогатува, а нема да се осиромашува. Значи никако не се позајмуваат пари на 31 декември како ни на 1. јануари, зашто ова значи 12 месеци материјални проблеми.
Старата година треба да си замине
Точно на полноќ, на Нова година, сите врати од домот треба да се остават отворени, за старата година да може непречно да замине, заедно со сите лоши нешта.
Бакнете се на полноќ
Речиси во целиот свет постои верување дека ако се бакнете на полноќ на Нова година, тогаш топлината и љубовта ќе продолжат во текот на целата година. Спротивно на тоа, ако не се бакнете точно на полноќ, тогаш ризикувате годината да ви биде неповолна и „студена“.
Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот.
Работа исто така да не се склопува на 1 јануари – тоа наводно значи дека работата нема да бви биде успешна…, цела година.