Живот и Стил

Ова парче облека завладеа со модниот свет: Некои велат дека е непривлечно, но оваа сезона постојано ќе го гледаме (фото)

Ова парче облека завладеа со модниот свет: Некои велат дека е непривлечно, но оваа сезона постојано ќе го гледаме (фото)

Ако во последно време сте ги разлистувале модните списанија, сте ги гледале модните ревии или пак сте прошетале низ трговските центри, веројатно сте го забележале необичниот тренд во најава.

Имено, речиси на секој чекор е можно да се забележат т.н. “utility” комбинезони кои неодоливо потсетуваат на работнички или пилотски униформи.

На прв поглед можеби нема да ви биде јасно зошто некој би го носел ова парче облека, но откако ќе го облечете, ќе ви бидат потребни само неколку секунди за да сфатите зошто е толку популарно. Неговите главни адути се удобност и практичност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOYO CAO (@yoyokulala) on

Ваквите комбинезони веќе се претставени на модните писти од страна на бројни славни дизајнерски имиња како Изабел Марант, Тиби, Ермес, Стела Макартни и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Hsu (@handinfire) on

Станува збор за парче облека кое лесно ќе создаде интересен изглед и со него ќе оставите впечаток на жена која знае што сака.

извор:точка.мк

To top