ОВЕН
Работа: Склопување на ново партнертство може да ви биде многу значајно на долги патеки во иднина.
Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува поволен ден за флерт и повеќе познанства.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Имате многу обврски и сакате да успеете да докажете и на себе и на другите дека имате се под контрола.
Љубов: Пред вас е период во кој ќе имате некои компликации со саканата личност.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Низ среќни околности очекувајте решение на проблемите кои ве мачат. Дајте си време.
Љубов: Нова љубов е пред вас. Може да очекувате дека ќе имате убави моменти со нова личност.
Здравје: Се препорачува да спортувате.
РАК
Работа: Очекувајте мирен ден во текот низ кој ќе се занимавате само со основните обврски.
Љубов: Имате доверба во вашиот партнер и вашата врска е стабилна. Знаете на што сте, и убаво ви е.
Здравје: Добро се чувствувате.
ЛАВ
Работа: Поволен ден е за почеток на нова соработка или за преговори кои на ова поле ќе ви бидат многу значакни.
Љубов: Отворени сте во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа, и наскоро ќе имате средба.
Здравје: Грлото ви е чувствително.
ДЕВИЦА
Работа: Ви доаѓа прилив на пари кои сте го очекувале. Можете да се надевате на сосема стабилна ситуација.
Љубов: Можно е со саканата личност да не сте во добра фаза и многу често да се карате.
Здравје: Водете сметка околу внесот на течности.
ВАГА
Работа: Пред вас е потежок ден во текот низ кој ќе може да имате доста проблеми. Ќе ви биде потребна нечија помош.
Љубов: На некој начин наклонети сте кон тоа да ги криете вашите чувства.
Здравје: Потребно ви е повеќе сон.
ШКОРПИЈА
Работа: Вашата нервоза би можела прилично негативно да влијае на околностите кои ги имате во работното опкружување.
Љубов: Ве очекува шанса на саканата личност да и ставите до знаење колку ви значи и што сакате со неа.
Здравје: Проблеми со нервите.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Работните обврски ве оптоваруваат и потребен ви е слободен ден за да можете малку да ги наполните батериите.
Љубов: Постојат многу работи кои не ви одговораат во моменталната љубовна врска, но и натаму не сте за раскинување.
Здравје: Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Работа: Не би требало да очекувате дека ќе успеете лесно да ги решите компликациите на ова поле. Ќе ви биде потребно повеќе време.
Љубов: не сте задоволни од комуникацијата со саканата личност која ви значи.
Здравје: Внесувајте повеќе вода.
ВОДОЛИЈА
Работа: Очекувајте поволен ден, да се свртите кон работата и на ова поле да остварите подобрување.
Љубов: Ве очекуваат мали несогласувања со личноста која ви значи.
Здравје: Проблеми со стомакот.
РИБИ
Работа: Ќе успеете да ги остварите своите планови. Надевајте се дека ќе бидете задоволни со случувањата на ова поле.
Љубов: Комуникацијата со личноста која ви се допаѓа е подобра и наскоро ќе имате шанса да планирате средба.
Здравје: Проблеми со вратот.