Македонската пејачка Блага Петреска има долг естраден стаж и важи за една од најдобрите пејачки со подолга успешна кариера.
Во интервју за „svet – australia“ таа вели дека пеела уште како дете.
„Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запеев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – МАКЕДОНЦИ. Тоа е голем чест и дараба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели фолк пејачката и додава дека не брои колку години е на музичката сцена.
„Не знам да ги бројам годините за стаж, а пензија имам од МНТ – опера како хорист. Јас сум задоволна, реализирана и исполнета жена. Во мене има љубов и радост за луѓето“ вели Петреска.
Кога стнаува збор за нејзиниот приватен живот, таа како млада го изгуби својот сопруг .
Никогаш не одлучивте повторно да се омажите, а мора да признаеме дека во јавност никогаш повеќе не се покажавте со партнер. Зошто се одлучивте на таков радикализам?
„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага.
Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.
На прашањето дали е среќна со изборот на нејзините деца, фолк пејачката вели:
„Децата се гордеат со мене, а јас со нив. Мојот син, е извонреден професор, диригент и срeќно оженет со исто извонредна виолинистка од Русија. Ќерката и зетот исто среќно живеат во странство и се презадоволни. Имам три внуци и еден внук. Што друго би посакала?“ вели Блага за „svet- australia“.
Пејачката потенцираше дека е заљубена во Македонија и дека е најубаво место за живеење.