Дали сте биле во ситуација кога за 15-20 минути требало да ви дојдат гости, а целиот дом ви бил во хаос? За среќа постојат неколку начини да го исчистите домот навистина брзо, дури и ако изгледа како бојно поле.
1. Ходник
Ходникот е првото нешто што ќе го видат вашите гости. Погледнете како да го средите за многу брзо.
Отстранете ја облеката од закачалките. На овој начин ходникот ќе изгледа посредено и пошироко.
Ако немате посебно место за чевли, ставете ги во кеса и закачете ги.
Ставете ги сите сметки, весници и други хартии во кутија. Не заборавајте да ги организирате подоцна.
За да го исчистите тепихот, нанесете малку сода бикарбона. Таа ќе ја апсорбира влажноста и нечистотијата. Потоа поминете со правосмукалка.
2. Тоалет
Како да го средите домот 15 минути пред доаѓањето на гостите?
Чистењето на тоалетот не е најзабавната активност, но можете да го забрзате процесот.
Нанесете средство за дезинфекција во шолјата и избришете.
Не заборавајте да ставите нова ролна тоалетна хартија.
Нанесете неколку капки есенцијално масло на памук и ставете го во тоалетот за пријатна миризба.
Ако не сакате да ја чистите тоалетната школка, можете однапред да направите „бомби“ за чистење. Измешајте сода бикарбона, цитрусна киселина и есенцијално масло и формирајте топки. Не заборавајте да носите ракавици.
3. Бања
Обично чистењето на бањата трае неколку часови, но погледнете како да го направите тоа за неколку минути.
Неколку минути пред да започнете, пуштете жешка вода. Пареата ќе ги навлажни површините и полесно ќе ја отстраните нечистотијата.
Не заборавајте да ставите нови крпи и сапун.
Исфрлете ги старите четки и сокријте ги четките за коса и продуктите за лична нега.
Лесно можете да го исчистите огледалото со вода и најлон. Можете да користите и хулахопки.
4. Кујна
Удобноста на вашиот дом многу зависи од кујната.
Никогаш не чистете ги површините со кружни движења, на овој начин само ја разнесувате нечистотијата. Чистете со движења во форма на буквата Ѕ.
Ако вратата од фрижидерот е направена од нерѓосувачки челик, можете да ја исчистите со кокосово масло и крпа.
Исчистете го ламинатот со шампон за коса.
Исчистете ги кујнските апарати, како и садот за затоплување вода.
5. Дневна соба
Ова најверојатно е просторијата во којашто ќе ги сместите гостите, па погледнете како да го сокриете нередот.
Избришете ја прашината од сите видливи површини.
За да се ослободите од влакната од миленичето, можете да користите чистач за прозорци. Не заборавајте да ја навлажните површината.
Наредете ги сите предмети паралелно и исправете ги. На овој начин собата ќе изгледа многу почисто.
Миризбата е исто многу важна. Едноставно додајте цимет, сушени јаболка и лушпа од портокал во вода што врие.
Алкохолот можете да го користите за малите несреќи од миленичињата на подот и креветите.
Најдобро е да ги затворите вратите од другите простории доколку немате време да ги чистите. Сепак, понекогаш гостите можеби ќе влезат и таму, а вие ќе се чувствувате засрамено. Во тој случај не заборавајте дека не треба да се извинувате за нередот. Доколку не го посочите, гостите нема да го забележат. За брзо да ја средите спалната соба, едноставно наместете го креветот, ставете ја целата облека во гардероберот и проветрете.
извор:кафепауза.мк