Добро е познато дека од изборот на седишта во авион може да зависи не само удобноста на патувањњето, туку и неговото комплетно доживување.
На некои луѓе можеби тоа и не им е толку важно, додека други без размислување ќе платат дополнително за да добијат место до прозорец или повеќе простор за нозете.
Од друга страна, оние кои редовно патуваат со авион, најчесто се жалат на родители со бебиња и мали деца чија врева и/или однесување на децата доста влијае на останатите патници.
Колку и да можат да бидат симпатични малите деца, малкумина би рекле дека не им е проблем да слушаат плач на бебе за време на лет со авион.
Едно од решенијата на овој пробле може да биде избор на седиште во кабина, пренесува британскиот „San“.
Кое е тогаш местото на кое може да се седи што е можно подалеку од гласните деца?
Искусниот екипаж на авиони, наведува дека во тој случај надјобро е да седите подалеку од „преградата“ на авионот, односно од предниот дел на авионот, кој ја одвојува класата во кабината, или деловите од кабината кај поголемите авиони.
Бидејќи не постои начин во целост да ги избегнете, или да обвините мало дете кое плаче или вришти, можете да ги намалите шансите да седите покрај некој кој со себе носи и дете, така што ќе седнете подалеку од преградата.
Ова е затоа што овие прегради, односно седишта, се единствените места во авионот, каде родителите можат безбедно да ги сместат децата. Тоа воедно се и места каде децата кои се помали од една година најчесто се сместени.
извор: точка.мк