Радио Милева љубовта „на поправен“

Саше – Политико се смири со сопругата: Ги „закопаа воените ножеви“ па и дадоа втора шанса на љубовта (ФОТО)

Саше – Политико се смири со сопругата: Ги „закопаа воените ножеви“ па и дадоа втора шанса на љубовта (ФОТО)

Пред околу два месеци Саше Ивановски, познат како Саше Политико и неговата сопруга М.Л.И. пријавиле инцидент во полиција.

И двата сопружника тврделе дека другиот сопружник се обидува да ги убие со нож.

Околу 11 часот пред полноќ на 16.01. Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож, а таа беше и задржана неколку часа на испитување на Клиниката за трауматологија и ортопедија. Овој настан тогаш го потврди и МВР.

Неколку месеци по, за малку крвавиот инцидент, Саше – Политико на својот Фејсбук профил објави дека семејната драма добила „хепи енд“ епилог и постираше фотографија заедно со сопругата и синот под која напишал:

„Повторно заедно, сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот“.

Останува само да видиме кој ќе го положи „поправниот: Љубовта или „касапските навики“?

To top