Направете вкусен компир на алпски начин.
СОСТОЈКИ:
2 главици кромид
200 гр. сланина
200 гр. кашкавал
1,5 кг. компири
сол и бибер
ПОДГОТОВКА:
Се сечат сланината, компирот и кромидот и се ставаат зачини.
Се загрева рерна на 200 степени и се пржи на тава кратко сланината на масло, па кромидот, па компирите исечени на поголеми парченца, ставете зачини и ставете во тава и печете околу 40 минути.
Се сече кашкавалот, се става врз компирите пред да бидат готови, па уште кратко се запекува, околу 5 минути.
извор: готви.мк