Празниците се како создадени за претерување со алкохолот. Затоа, ако сте претерале со алкохолот и се потпирате на старите, сигурни методи на олеснување на симптомите на мамуралкот, научниците имаат лек кој не може да биде поедноставен.
Станува збор за бананите.
Тоа го откриле научниците од Универзитетот Џорџ Масон во истражувањето во кое се наведува дека алкохолот, освен што го дехидрира организмот, воедно тера на често празнење, поради што организмот останува без важни количини од минералите, а особено од калиумот.
„Калиумот и минералите се важни за организмот, а особено нервниот систем и мускулите да можат правилно да функционираат. Освен тоа, алкохолот ги исцрпува залихите на гликоген кој потоа го исфрламе преку урината, поради што на организмот почнува да му недостасува енергија. И поради тоа логично е да се чувствуваме исцрпено, изморено и „климаво“ по бурната ноќ со многу алкохол“, пишува во заклучокот на истражувањето.
А, бидејќи бананите се одличен извор на минерали и калиум, не би било лошо утрото по забавата да изедете неколку банани и да се потрудите што повеќе да ја надоместите изгубената течност.
извор:слободенпечат.мк