Во најразлични делови од светот, „Денот на шегата“ се празнува на 1ви април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии.
1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.
По тој повод, луѓето се маскираат во најразлични маски и излегуваат на улица, парк, некоја дискотека….
Водителката на „Сподели проблем со Милена“, Милена Антовска својата ќерка Лана Марија за 1ви април ја маскираше во виножито.
Имено, во фустанче во разни бои кои наликуваат токму на виножито, Лана Марија изгледаше прекрасно, а Антовска побрза да се пофали со неколку фотографии на социјалните мрежи.
За потсетување, во август 2017 година Милена и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители на нивното прво дете, ќерката Лана Марија која наскоро ќе наполни две години.