Живот и Стил

Биле неразделни уште од шесто одделение, а за Божиќ ја дознале неверојатната вистината за себе!

Биле неразделни уште од шесто одделение, а за Божиќ ја дознале неверојатната вистината за себе!

Двајца жители на Хаваите кои пораснале како најдобри другари, откриле дека се браќа, а по повод Божиќ тоа им го откриле и на своите семејства.

Алан Робинсон и Волтер Макфарлејн се пријатели веќе 60 години. Родени на Хаваите 15 месеци еден по друг, тие се запознале играјќи фудбал во шесто одделение.

Секој за себе, тие трагале по своето потекло бидејќи Макфарлејн никогаш не го запознал својот татко, а Робинсон бил посвоен.

Локалната телевизија “TV KHON” од Хонолулу пренела дека Макфарлејн, по неуспешната потрага на интернет и социјалните мрежи, се свртел кон истражување на семејната историја и нашол веб-страница која споредува податоци поврзани со ДНК.

“Кога започна да добива слични податоци со еден друг корисник, сериозно започнавме со проверката”, изјавила неговата ќерка Синди Макфарлејн Флорес. Најголемо поклопување – со идентични X хромозоми, тој имал со некој со корисничко име “Роби737”.

Работите конечно станале јасни бидејќи прекарот на неговиот пријател Робинсон бил Роби, а тој бил пилот на “Boing 737” за “Aloha Airlines”.

На крајот се покажало дека и Робинсон ја користел истата интернет страница за да пронајде одговори околу своето семејство. Пријателите подоцна дознале дека имаат иста мајка.

“Тоа беше огромен шок” изјавил Макфарлејн.

Оваа вест им ја откриле на семејствата и пријателите минатата сабота, во текот на предбожиќната забава. Тие двајца сега планираат да патуваат и да уживаат во пензијата.

“Тоа беше неописливо чувство, нешто огромно. Ова е најдобриот божиќен подарок кој некогаш можев да го замислам”, заклучил Робинсон.

извор:точка.мк
To top