Тенката половина е можеби најпривлечната карактеристика кај жените, но за жал ја немаат сите. Сепак, постојат неколку стилски трикови што ќе ви помогнат вашата половина да изгледа послабо.
1. Панталони со риги
Еден од најстарите и најчесто користените трикови за послаба фигура е создавањето илузија за поголема висина. Додека хоризонталните линии ќе ве направат пониски и визуелно подебели, вертикалните линии на панталоните го имаат спротивниот ефект. Вашите нозе ќе изгледаат подолги, а вашата половина послаба.
2. Фустан со колан
И ова е навистина познат трик – доколку сакате да ги нагласите или визуелно да ги намалите стомакот и половината, ставете колан. Само внимавајте коланот да не биде премногу воочлив. Подобро е да одберете подискретен.
3. Облека со висок струк
Покрај тоа што овие парчиња ќе ви ги издолжат нозете, тие ќе направат вашата половина да изгледа послабо. Панталоните или здолништата со висок струк ја нагласуваат половината и прават вашето тело да изгледа поубаво.
4. Струкирани блејзери
Ова модно парче треба да ја следи вашата линија на телото. На тој начин ќе создадете илузија на послаба фигура, особено ако блејзерот е струкиран или ако се закопчува околу половината.
5. Молив здолниште
Ова се здолништа со средна должина до под колена и не само што ќе ја нагласат вашата половина, туку ќе го нагласат и вашиот задник. Овие здолништа се елегантни, оставаат заводнички впечаток и никогаш нема да погрешите со нив.
извор:кафепауза.мк