Живот и Стил

Автопат на кој нема да бидете казнети ако возите побрзо од ограничувањето

Автопат на кој нема да бидете казнети ако возите побрзо од ограничувањето

Autobahn или Bundesautobahn е национален германски автопат, кој е долг околу 13.000 километри. Се смета за најбрз автопат на светот, а воедно и најпознат, со оглед на тоа дека нема класично ограничување на брзината.

Поточно, пред урбаните средини или на градилиштата, има табли со ограничување на брзината од 50 до 100 километри на час, но не е нелегално ако ги игнорирате, сè додека вашето возење не предизвика сообраќајна несреќа или не станете нејзин учесник.

Од друга страна, може да добиете казна и до 375 евра, ако возите премногу блиску до автомобилот пред вас, а забрането е да се возат автомобили кои не можат да достигнат брзина од 60 километри на час.

На рамните делови, каде нема ништо, се препорачува возење од 130 км/ч, но Германците ретко се придржуваат до тие препораки. Покрај тоа, тие сакаат да ја тестираат издржливоста на своите „лимени миленичиња“ и возат дури 200 км/ч.

Ако се прашувате колку често се случуваат несреќи на овој автопат, одговорот е интересен – поретко отколку на гратските и селските патишта. Статистиката покажала дека бројот на несреќи на германските автопати од 70-те години, до 2010-та година, се намалиле за дури 80 отсто.

Причината за ова е тоа што Германците на автопат ги пуштаат само најискусните возачи, но исто така бараат многу вештини позади воланот, пред на младите да им дадат возачка дозвола.

To top