Младиот пејач Стефан Живојиновиќ во последно време не престанува да ја изненадува јавноста со своите музички предизвици.
Тој пред некое време ја издаде песната „Зло моје невино“ која беше одлично примена од публиката.
Деновиве тој го објави новото видео со која ја најави својата нова песна „Од вечери до јутра“. Спотот зз песната, Стефан ја снимил во Црна Гора на различни локации.
Оние кои ја слушнале песната се воодушевиле, а и истакнаа дека ова ќе биде голем летен хит.
Во краткото видео имаме прилика да го видиме Стефан во издание во кое го немаме видено досега. Тој со неколку девојки се забавува на Црногорското приморје, со една се вози во автомобил, потоа Стефан лега гол во кревет, а потоа една манекенка ја соблекува долната облека.
Дали Лепа Брена го видела овој спот и што ќе каже останува да видиме.