Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.
На снимката која е снимена во Ричмонд, Вирџинија се гледа како домашното милениче, веднаш штом го забележа сопственикот, истрчува низ вратата и му скока во прегратка, а неговиот скок многумина ги воодушеви.
Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.
“Преслатко”, “Го гледав ова 10 пати”, “О, Боже, тој скок”, се само дел од реакциите.
Инаку, ретриверот Рајли има свој Инстаграм профил, кој го следат повеќе од 22.000 луѓе, а последната снимка е прегледана повеќе од 80.000 луѓе. Не е првпат Рајли да изведе ваков радосен скок. Истото го направи во јануари, кога снимката исто така воодушеви многумина.