Пејачката Јелена Карлеуша не може да се помири со фактот дека нејзината мајка Дивна повеќе ја нема. Екипата на една емсија ја сними пред неколку дена надвор, а таа беше целосно облечена во црно.
Како што пишува српскиот портал „Ало.рс“, Јелна ги откажала сите настапи за наредните шест месеци, а исто така нема да се појавува во јавност.
Нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“ се уште е неизвесно, а според пишувањето на неделникот „Стори“, таа за 40 дена би требало да се врати во жирито на популарниот музички натпревар.
-Јелена нема да се појави во јавност најмалку шест месеци, но Саша Поповиќ наводно ја убедува тоа да се случи 40 дена од смртта на Дивна, бидејќи е свесен дека емисијата и носеше големо задоволство на Јелена, вели извор близок до пејачката.