Направете вкусни бомбици со сирење.
СОСТОЈКИ:
- 250 гр. маслинки
- 250 гр. сирење
- малку магдонос
- 50 гр. маргарин
- 100 гр. ореви
- сол и зачини
ПОДГОТОВКА:
- Се мелат оревите, се сече магдоносот и маслинките.
- Се мати маргаринот да биде пенаст, па се става сирење и се продолжува со матење, се ставаат ореви и магдонос, па се ставаат маслинки.
- Се меша и се прават бомбици со додавање зачини по избор.
- Издекорирајте со сусам.
извор:готви.мк