Индијка и нејзиното бебе починале затоа што таа сама дома се породувала со помош на видеа со упатства од ЈуТјуб.
Тој ги пронашол починатата жена и бебето, со ножици, нож и конец во близина. Се верува дека неименуваната жена се плашел од „општествената стигма која е врзана за немажените мајки“.
Полицијата во понеделникот ја потврди смртта на мајката и бебето. Трагедијата се случила во подрачјето на Биландпур во Горакхур во Индија, пренесува Хиндустан Тајмс.
„Станодавачот Рави Упадиај ја отворил вратата и ја пронашол жената и новороденото машко бебе како лежат мртви“, вели шефот на полицијата Рави Раи. „Веднаш ја известил полицијата, која дошла до местото и ги испратила телата на обдукција. Нејзиниот смрат телефон откри дека гледала снимки на ЈуТјуб „како сами да се породите“ и други снимки за безбедно породување“.
извор:ситеl.мк