Радио Милева

Лепа Брена открива што направила Пријовиќ по породувањето и како се снаоѓа во улогата на мајка

Лепа Брена открива што направила Пријовиќ по породувањето и како се снаоѓа во улогата на мајка

Лепа Брена е воодушевена што има нов член во семејството, па вели дека сите заедно доаѓаат кај бебето на Александра Пријовиќ и Филип Живојновиќ.

Пејачката откри дека нивното семејство ги обезбедува со сета помош што им е потребна сега, но и тоа дека Александра е прекрасна мајка која станала од креветот, веднаш штом се породила со бебето, иако имаше царски рез.

“Тоа е веројатно точно дека љубовта и тој адреналин, кога ќе се има бебе е ново чувство, нова љубов која е бескрајна и ќе се наполни до последната клетка во телото”, рече Лепа Брена и додаде за заедничките моменти на бебето и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ кој стана дедо.

фото:Немања Николиќ

“Кога го видов Боба со бебето, па толку ситен ми се чинеше Александар во однос на курпулентноста на Боба, но тој е силно бебе. Тоа е неверојатно, дури и за него. Неповторливо е чувството на среќа, кога во рацете го држите детето од вашето дете, среќни сме “, вели Брена, која смета дека малиот Александар ќе биде разгалено дете, со оглед на тоа што сите веќе го размазуваат.

Брена открила дека таа и Филип Живојновиќ првпат се сретнале во болницата  кога морале да носат мантили и маски, но не можеле да одолеат да го видат и да го  бакнат бебето Александар.

To top