Негуваната кожа и блескавиот тен се нешто што многу жени се обидуваат да го постигнат. Но, многу често прават грешки со кои само си нанесуваат повеќе штета. Постојат безброј митови за убавина, а многу жени едноставно ги прифаќаат и ги споделуваат иако се штетни. Погледнете кои се најчестите грешки при нега на кожата.
1. Често ја отстранувате шминката со влажни марамчиња
Иако влажните марамчиња се наједноставниот начин за отстранување на шминката, зад себе тие остават слој хемикалии кои се лоши за вашата кожа. Доколку немате време за темелно да го исчистите лицето од шминка, можете да употребите влажно марамче, но веднаш потоа измијте го лицето со вода за да ги спречите несаканите иритации од хемикалиите.
2. Редовно посетувате солариум
Повеќето жени сметаат дека одењето во солариум е одличен начин да се подготват за летото. Тие со месеци се обидуваат да го изедначат нивниот тен и сметаат дека на овој начин ќе се заштитат од изгорениците од сонце. Тенот што се добива во солариум не може да ве заштити од изгореници, само ги прави помалку видливи поради темната боја. Единствениот начин да се заштитите од силното сонце е со креми со заштитен фактор, кои треба да се дел од вашата секојдневна рутина.
3. Пречесто го миете лицето
Секојдневното чистење на лицето е задолжително и треба да го правите наутро и навечер. И во овој случај потребно е да бидете умерени. Премногу честото користење средства за чистење на лицето може да ја исуши вашата кожа. Поради ова не заборавајте по секое миење да нанесете хидратантна крема за лице.
извор:кафепауза.мк