Ако во текот на целата година сте биле навистина дисциплинирани, редовно сте вежбале, сте се хранеле здраво и сте внимавале на секоја внесена калорија, тогаш навистина би било штета тоа да ви пропадне поради неколку дена уживање во нездрава исхрана и алкохолни пијалаци, за време на празниците.
Со силна волја и добар план, можете да го поминете бурниот празничен период и без неколку килограми вишок со кои би сте се бореле во јануари.
Станува збор само за добра волја, организација и цели кои морате самите себеси да си ги одредите.
Пијте повеќе вода
Храната полна со течности, како овошјето или зеленчукот, е одлична за давање на чувство на ситост и секако неопходна вода за организмот. Таквата храна најчесто е и богата со витамини, влакна и минерали, кои ја намалуваат надуеноста која се создава со преработената храна.
Жедта е подеднакво важна како и гладот, па немојте да заборавите да пиете доволно вода, во спротивно ќе почувствувате изненаден умор и непријатно чувство на празен стомак. Важно е само да не пиете ладни пијалаци непосредно со ручекот, бидејќи храната нема добро да се свари.
Размислете за чај половина час после оброкот.
Физичка активност
Не само што телесната активност е одлична за одржување на посакуваната тежина, туку го поправа и расположението и го подобрува сонот. Иако празниците обично се полни со должности и стрес, не е лошо секое утро да го започнете со некоја активност за да имате повеќе енергија.
Доволна ви е 30 минутна прошетка со побрзо темпо на одење, пливање или возење на велосипед.
Наместо да препуштите на случајност, подгответе храна која сакате да ја јадете и носете ја со себе каде и да одете.
Разни закуски од овошје, зеленчук морски плодови, се одлична идеја за избор при собирање со пријателите.
Фактот дека сте си зеле ваша храна, не исклучува консумирање на нешто друго што ќе ви се чини интересно, но би требало да се задржите на вашата храна како главен оброк.
извор:вечер.мк