Радио Милева

Македонецот чиј ментор е Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ добива непристојни коментари поради една фотографија со Јелена (фото)

Македонецот чиј ментор е Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ добива непристојни коментари поради една фотографија со Јелена (фото)

Во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ има неколкумина македонски кандидати кои успеаја  да поминат во вториот круг. Секој од нив е посебен на свој начин, како со вокалната, така и со сценската изведба, харизма и енергија.

Но, 21 годишниот скопјанец Филип Пецовски, кога е во прашање енергијата на сцената на овој популарен регионален музички натпревар, остави најголем впечаток, како кај публиката, така и кај жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILIP PECOVSKI (@filippecovski) on

Највоодушевена од него како натпреварувач, беше пејачката Јелена Карлеуша, која тој ја избра да биде негов ментор, а  во една од емисиите таа за нашиот Филип изјави:

„Она што го прави поразличен од чистиот шоумен е тоа што убаво пее и што има убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш дека мислам дека македонскиот јазик е секси“ истакна Јелена.

Поради несреќата, односно смртта на нејзината мајка Дивна, Јелена Карлеуша периодов отсуствува од снимањето и менторството на кандидатите, меѓу кои секако е и Филип.

На неговиот Инсатграм профил може да се погледнат нивни заеднички фотографии, но меѓу многуте позитивни коментари и пофалби, како и секогаш мора да се појават и „хејтерите“ кои на заедничката фотографија на Филип со Јелена му напишаа непристојни коментари:

„Имаш ти некои голи слики од Карлешуа, дај да исплакнеме очи“; „Не објавувај фотографии додека не ги фотошопира, те молам“, гласи друг коментар, но се јавија и такви во одбрана.

„Ти препорачувам да го избришеш коментарот. Бидејќи Јелена му е ментор, можеш да му направиш непотребен проблем“, пишува друг фан на Филип и Јелена.

„Хејтерите“ ги имало и ќе ги има, а јасно е дека меѓу повеќето наши успешни претставници во „Ѕвездите на Гранд“, младиот Филип е на добар пат да дотурка до финалните емисии.

To top