Ако на некој изведувач од македонската естрада му успева за инстантно време да ја освои публиката со новоиздадена песна, која потоа е хит– тоа дефинитивно најлесно му оди на Влатко Лозаноски.
Вчера, (11.03) Лозано го издаде синглот насловен „Мајко“ заедно со спот, а веќе лавина од ласкави коментари се нижат под објавената песна на интернет каналот Јутуб.
Не си нормален човеку! Повели круната е твоја“; „Нов хит на повидок, секоја чест легендо“; „Која од која песна, се во поголем хит прераснува“, се само мал дел од коментарите кои осамнаа не само од македонските обожаватели, туку и на оние од регионот.
Емотивната „Мајко“ и овој пат ја потпишува незаменливиот тим на Влатко, Лазар Цветковски и неговата сестра Магдалена, додека исто толку моќното видео е изработено од Даниел Јовески.
Ако мислевте дека дамата Јасмина Билаловиќ која ја има улогата на мајка во видеото, е вистинската мајка на Влатко – во случајот тоа не е така.
Гордата мајка на оваа наша музичка ѕвезда се вика Билјана, а Лозано неколкупати досега изјавил дека таа е хероињата во неговиот живот.
View this post on Instagram
Инаку, по повеќе од десетина години, на 23-ти март во ВИП арената „Борис Трајковски“, Лозано ќе го има својот голем концерт кој ќе биде вистинската круна на неговата досегашна работа, многуте хитови и опстојувањето на сцената.