Дека сите жени не се надарени со големи и цврсти гради кои не познаваат гравитација и не е некоја тајна.
Сепак, многу припаднички на понежниот пол се срамат да ги покажат несовршените гради па ги кријат под широки маици или во премногу малите градници. Но, на сето тоа му доаѓа крајот. Познатата инфлуенсерка Чидера Егеруе го покрена хештегот “saggy boobs matter”, што во превод значи дека и виснатите гради се важни.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
Тоа за првпат под својата фотографија, на која ги покажува градите во деколтираниот фустан за да им пружи поддршка на жените ширум светот и ги присили да ги засакаат своите природни гради.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
Со овој хештег означени се повеќе од 11.000 фотографии на Инстагра, а поголемиот дел од нив прикажуваат жени кои гордо ги покажуваат своите гради во деколтирана облека.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
Иако има само 23 години , Чидера е многу зрела и во едно интервју изјави дека туѓите мислења никогаш не биле важни и дека животот ѝ се променил во оној момент кога сфатила дека убавината на секој човек лежи во неговата единственост која не треба да ја менува.
извор: точка.мк