Радио Милева

Тага и болка во домот на познатата пејачка: Почина мајката на Јелена Карлеуша

Тага и болка во домот на познатата пејачка: Почина мајката на Јелена Карлеуша

Познатата новинарка и мајка на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша почина на 61 година во својот стан, пренесуваат српските медиуми.

Дивна е родена 1958 година во Словенија, позната е како некогашна новинарка на „Радио Београд“, а денес позната како мајка на поп дивата Јелена Карлеуша.

Иако се повлече од новинарската работа, таа беше присутна во медумите со нејзиното учество во реалните шоуа како што се „Фарма“, „ВИП Големиот брат“, „Парови“…

Дивна сакала сликарство и сакала да се запише на Ликовна академија, но бидејќи не ја примиле се запишала на Правен факултет.

На 19 години се омажила со инспекторот Драган Карлеуша, со кого ја ина ќерката Јелена.

За потсетување, во 2016 година Дивна е примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови и кога почнала да кашла крв. Од тогаш и биле направени анализи и нејзината борба започнала.

Пејачката и нејзината мајка не сакаа да зборуваат во јавност, па во врска со оваа тема не сакаа да коментираат.

фото: притнскрин/инстаграм

Дивна се борела со тешката болест, но никој не очекувал дека нејзината здравствена ссостојба ќе се влоши и дека ќе почине.

 

To top