Радио Милева

Лора Турунџиева наскоро ќе стане мајка, а деновиве имаше убав повод за славење (фото)

Лора Турунџиева наскоро ќе стане мајка, а деновиве имаше убав повод за славење (фото)

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева претходната година во август стапи во брак со нејзиниот избраник Филип Наунов.

Свадбата се случи во еден познат скопски ресторан, а беше во кругот на најмилите и најблиските.

фото: фејсбук

Имено, Лора е бремена и наскоро треба да се породи и да стане мајка, а Суза баба.

Меѓутоа, деновиве Лора го славеше својот 19ти роденден, а по тој повод на социјалните мрежи со емотивна порака се огласи Сузана Турунџиева.

„Среќен 19ти роденден убава моја Лора. Март е наш месец… Нека трепка“ напиша идната баба на „Инстаграм“ во опис на фотографија од свадбата.

фото: принтскрин/инстаграм

Бидејќи Лора наскоро треба да се породи, а и во март е  и нејзиниот роденден веруваме дека овој месец ќе донесе многу среќа.

Останува да видиме кога Лора ќе стане мама, а Сузана баба.

За тоа сигурно ќе ве известиме на вистина.ком.мк

To top