Живот и Стил

Нови правила за консумирање на овошјето

Нови правила за консумирање на овошјето

Не го мешајте киселото со слаткото овошје

Не треба сите видови овошје да ги јадете заедно. Киселкастото овошје како што е цитронот и другите цитруси, ананас, калинка, кисели јаболка, сливи, јагоди и домат, не треба да се мешаат со слаткото овошје како што се бананите, грозјето и смоквите.

Но, полукиселото овошје, како што се слатките јаболка, вишни, цреши, манго, кајсии, нектарини, боровница, круша и папаја, можете да ги мешате и со слатко и со кисело овошје.

​Ублажете ја киселоста

Некое киселкасто овошје, како што е цитронот, може да биде тежок за вашиот желудник, па затоа нутриционистите препорачуваат да се помеша со полуслаткасто овошје како што се на пример боровниците.

Одбегнувајте ја класичната овошна салата

​Миксот од јаболко, ананас, банана, лубеница и јагоди обично го успорува вашиот метаболизам. Наместо тоа, помешајте ги боровниците со малини.

Овошје богато со влакна пред тренинг​

​Дињите се супер за хидратација, но пребрзо се дигестираат, додека шеќерот од слаткото овошје ќе ви понуди само краткотрајна енергија.

​Одберете полуслатко овошје, на пример јаболко, со повеќе густина и влакна, за да бидете поиздржливи во текот на тренингот.

 

To top