Една од најпопуларните пејачки на народната музика, Весна Змијанац во текот на целата кариера важеше за голема заводничка, а нејзиниот приватен живот отсекогаш бил интересен за јавноста.
Со оглед на тоа дека нејзината ќерка тргна по нејзините стапки, сите ја познаваат Николија. Меѓутоа, нејзиниот татко многу ретко се појавува во јавноста.
Првиот сопруг на Весна Змијанац е доктор на економски науки Владо Јовановиќ со кого пејачката ја има ќерката Николија.
По разводот од Весна, Владо повторно се ожени и доби две деца, ќерката Теодора и синот Лука.
Владо Јовановиќ никогаш не сака јавно да се експонира, а не бил пресреќен што неговата ќерка Николија одлучила да биде пејачка.
„Мојот татко е „алергичен“ на се што е поврзано со шоубизнисот, уште од периодот кога бил со мојата мајка. Тој како доктор на науки ме советуваше да не се занимавам со пеење“ изјави Николина во една прилика.
Една од ретките прилики кога јавноста имаше можност да го види Владо е кога се породи Николија и тој дојде во болница да ја посети својата ќерка.