Живот и Стил

Русинка изведе “смртоносен” танц околу шипка на врв од облакодер и тоа без никаква заштита (видео)

Русинка изведе “смртоносен” танц околу шипка на врв од облакодер и тоа без никаква заштита (видео)

Руската танчерка Марина Корженевска изведе танц околу шипка на врв од еден облакодер во градот Воронеж без никакви безбедносни мерки.

27 годишната Марина изведе навистина опасна точка на врв од облакодер и тоа исто како да танцува на копно. Се вртела, се искачувала потпирајќи се само на силата на своето тело. Видеото го објави на Инстаграм и има повеќе од 23.000 прегледи за само три дена.

Корисниците на оваа социјална мрежа изразиле страв и неверување, бидејќи немала ниту сигурносен појас или мрежа.

Танцот го изведе на врв од зграда која има 16 спратови.

извор:точка.мк

To top