За да знаете што да купите, почитувајте ги овие корисни совети од доктор по ветеринарна медицина Мирослав Стојшиќ, и бивш сојузен ветеринарен инспектор.
Откако Светската здравствена организација објави дека таа храна може да предизвика рак, вознемираноста кај граѓаните продолжува.
Еве како да ја избегнете опасноста која се крие во омилената храна.
Порталот Ало истражува во кој сучај сланината, колбасите, креновки, паштетата и шницлите не треба да завршат во корпа за отпад.
За да знаете што да купите, почитувајте ги овие корисни совети од доктор по ветеринарна медицина Мирослав Стојшиќ, и бивш сојузен ветеринарен инспектор.
“Најголемо значење е прво да ја прочитаме декларацијата. Прва причина е да не купуваме колбаси, креновки, салами, мелено месо, во кое е се смелении коски и кое е полно со сите антибиотици, хормони, тетешки метали и други отрови кои животните во тек на животот ги јаделе. Исто важи кога на декларацијата ќе пронајдеме емулгатори од нитрат кои се одбележени Е249, Е250, Е251 и Е 252. Штетни се затоа што аминокиселините од месото создаваат канцерогено соединение нитрозамин.
Веднаш вратете ги колбасите, саламата и паштетата ако на декларацијата сте ги воочиле полифосвати кои се обележани Е451,Е452 и Е453 бидејќи се генотоксични или просто речено, ни ги оштетуваат гените.Особено водите сметка да не јадете ниеден производ кој содржи Е470 кој се обележува како карагенана. Тој се лепи на ѕидовите на цревата, создава ранички кои потоа можат да се претворат во рак на дебелот црево“, предупредува докторот.
Како што додва, ако сте прочитале дека некои од производите содржат зајакнувачи за вкусот на глутаминат, тоа е доказ дека во него нема месо.
Кога е месо во прашање, ако купувате, на пример свински шницли, обрнете внимание дали месото е прошарано со мрсни жилички или не. Ако има тоа месо не е лошо за јадење. Доколку нема ни грам, а вода тече од него, доказ е дека свињите се хранети си хормон за растење и антибиотици. Додека се подготовува месото не треба да загори.
Во таа загреана маст се појавува соединување на диоксит, кој е канцероген. Најдобро е да се јаде готвено, да се пече во фолија во рерна или на грил. Битно е месото да се става на решетка, кога огнот ќе престане да чади, односно кога ќе се создаде жар, објаснува др. Стојшиќ.
Предупредува особено на деца да не им се даваат паштети и креновки. Секако дека со малку труд можете и вие да ги направите сами.
Докторот особено предупредува да отвориме четири очи кога купуваме сланина.
“Сте виделе дебела сланина која кога ќе ја прсечете изгледа како желатин или како гел. Тоа никако не го јадете. Тоа значи дека во неа е вбризгано 30 отсто од нејзината тежина со таканаречена саламура. Таа претставува раствор од нитратна сол во вода во која се додаваат протеини од соја, полиофосфати, карагенан витамин Ц и шеќери.Таа сланина е штетна по здравје.
извор:вечер.мк