Сите го сакаме летото, сонцето и морето. Тие не полнат со многу позитивна енергија ни остават убав бронзен тен на нашата кожа, а морската вода ни прави „чуда“ со нашата коса. На крајот на летото ни се насобрале пријатни емоции но забележуваме дека честото изложување на сонце и собраните фризури ни ја направиле косата сува и кршлива. Покрај производите кои ги користите обично, добро е еднаш неделно да си правите и домашна маска за коса.
Бидејќи сме во сезоната на јагодите, споделуваме една многу лесна, но силно хранлива маска.
Ќе ви бидат потребни:
8 големи јагоди
2 лажички мајонез
Јагодите се фантастично овошје кое ги штити клеточните мембрани на скалпот, бидејќи се богати со антиоксиданси.
Направете пире од јаготките и мајонезот. Нанесете ја маската на влажна коса и оставете ја да делува 15-20 минути. Потоа исплакнете. Ако косата ви е подолга и погуста можете да го зголемите количеството на состојките.