Радио Милева

Провокативна и секси: Андријана Јаневска каква не сте ја виделе (фото)

Провокативна и секси: Андријана Јаневска каква не сте ја виделе (фото)

Пејачката и виолинистка, Андријана Јаневска деновиве престојува во Загреб –Хрватска.

Таму не отиде приватно како турист, туку работно за да го снима својот најнов спот кој го најави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Навикнати сме Јаневска да ја гледаме во некои елегантни изданија, без многу нагласен сексапил, но овој пат таа пред следбениците покажа едно спосема поинакво модно светло.

фото:инсатграм/андријанајаневска

Облечена во ултра кус сив фустан, надополнет со високи чизми. Андријата важи за една од најзгодните познати дами во земјава, а само прекрстената гола нога ја нагласи нејзината провокативност.

фото:инстаграм/андријанајаневска

„Одлично ти прилега стилот“, гласи еден од коментарите кои стојат за фотографијата, а ги имаше доста претежно со комплименти.

Ако за подготовките изгледа вака секси, веруваме дека во финалното дело на спотот ќе видиме една нова Анрдијана Јаневска.

To top