Живот и Стил

Видео: Домашни тестенини кои немаат ни малку брашно, потребни ви се само две состојки!

Видео: Домашни тестенини кои немаат ни малку брашно, потребни ви се само две состојки!

За некои луѓе постапката за подготовка на домашни тестенини е премногу комплицирана и поради тоа најчесто ги купуваат готови од маркет. После овој рецепт сигурно ќе ве предомислиме и ќе започнете да правите домашни тестенини за кој ви се потребни само 2 состојки.

Знаеме дека “косата ви се крева” од самата помисла дека кујната ќе ја растурите и извалкате додека ги правите тестенините, но што ако ви кажеме дека за овој рецепт ви е потребен само еден длабок сад. Тајната е во тоа што тестото се подготвува без машина и со само две состојки, а ниту еден од нив не е брашно. Овој рецепт е одличен за луѓе кои применуваат храна без глутен и внимаваат на калориите.

Сè што ви е потребно се моцарела и јајца.

Подготовка:

Изматете ги моцарелата и јајцата во размер 1:1 во хомогена смеса, извадете ја и исечете ја на траки. Подготовката трае неколку минути, а после четири часа ладење во фрижидер, пастата е подготвена за готвење. Откако ќе ја зготвите можете да ја сервирате со некој вкусен доматен сос и со додатоци како пармезан и босилек. Можете да ја сервирате и со малку путер и мелен црн бибер.

Извор: Точка.мк

To top